Close Menu
Press24
    Најново

    Државата почна со решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка, добитокот ќе оди во Идризово и Прилеп

    27.11.2026 во 16:09

    Кичевец истакнувал знамиња на странска држава без дозвола, против него поведена постапка

    27.11.2026 во 16:00

    Осум лица хоспитализирани по пожар во стан во Охрид

    27.11.2026 во 15:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Државата почна со решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка, добитокот ќе оди во Идризово и Прилеп
    • Кичевец истакнувал знамиња на странска држава без дозвола, против него поведена постапка
    • Осум лица хоспитализирани по пожар во стан во Охрид
    • Викенд хороскоп: Петок носи разговори, сабота љубов, а недела големи промени
    • Нова апликација за „Безбеден град“ од следната недела: Возачите сами ќе проверуваат прекршоци и казни
    • Внатрешна контрола ги провери полицајците по обвинувањата за сообраќајката во Скопје – МВР со детали
    • Од 1 декември поскапува парното во Скопје, сметките растат за 188 денари
    • Тетовчанец заработил кривична: Преку пораки со недолична содржина вознемирувал сограѓанка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Државата почна со решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка, добитокот ќе оди во Идризово и Прилеп

    Државата почна со решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка, добитокот ќе оди во Идризово и Прилеп

    27.11.2026 во 16:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Оперативната реализација на Акцискиот план за заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говеда одземени со правосилни решенија во Општина Крива Паланка започна денеска, откако Координативниот штаб во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги утврди конкретните задолженија на вклучените институции.

    На состанокот биле дефинирани потребните човечки, технички и логистички ресурси и организацијата на теренските активности, а како следен чекор е предвидено мапирање на локациите каде што е концентриран добитокот, неговата бројност, распространетост и пристапност. „Со воспоставувањето на овој механизам на институционална координација создаваме оперативни предуслови за системско и трајно надминување на проблемот со кој се соочуваат жителите на Крива Паланка. Приоритет е заштитата на граѓаните, нивниот имот и земјоделското производство, преку ефикасно спроведување на законските решенија, со истовремено почитување на стандардите за здравствена заштита и благосостојба на животните. Од суштинско значење е секоја институција одговорно и ефективно да го реализира својот дел од преземените обврски“, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

    Во почетната фаза одземените говеда ќе бидат примопредадени на казнено-поправните домови во Идризово и во Прилеп, со можност дел од добитокот во текот на процесот законски да биде отстапен на здруженија на сточари и млади сточари, додека во спроведувањето на планот учествуваат и Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот, МВР, ДЗС, ЦУК и Бирото за процена.

    Прочитај повеќе

    Кичевец истакнувал знамиња на странска држава без дозвола, против него поведена постапка

    27.11.2026 во 16:00

    Осум лица хоспитализирани по пожар во стан во Охрид

    27.11.2026 во 15:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.