Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожар што избувнал во стан на улицата „Гоце Делчев“ во охридската населба Даљан, информираат од Територијалната противпожарна единица Охрид.
Според податоците на противпожарната служба, лицата биле примени во болница поради повреди и отежнато дишење како последица од вдишување чад, откако пожарникарските екипи интервенирале на терен за локализирање и гаснење на огнот и за безбедна евакуација на станарите.
Од единицата наведуваат дека со брзата и ефикасна интервенција е спречена поголема катастрофа, додека засега нема официјални информации за причините за пожарот, висината на материјалната штета ниту за актуелната здравствена состојба на хоспитализираните.

