Close Menu
    Најново

    На 9 години пушат цигари, на 13 пробуваат алкохол

    18.12.2025 во 21:46

    Уапсен скопјанец баран со потерница

    18.12.2025 во 21:20

    Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата

    18.12.2025 во 20:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • На 9 години пушат цигари, на 13 пробуваат алкохол
    • Уапсен скопјанец баран со потерница
    • Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата
    • Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди
    • Фрчковски: Власта донесе неуставна Резолуција за своевидна цензура
    • САД воведоа санкции против бродски компании и бродови поврзани со Иран
    • Стефан Ќирков: Не ја кријам амбицијата да бидам директор на ЗОО Скопје
    • Скопската зоолошка доби нова директорка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците 

    Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците 

    01.10.2025 во 20:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, порача дека поддршката на овие избори и единствената алтернативата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДС и ДУИ, потпомогнати од Левица.

    Мицкоски посочи дека оваа нивна коалиција е гаранција за враќање назад, за стагнација и за длабока криза, партии кои речиси никогаш не дошле на власт на фер избори, туку како последица на интриги, подземни игри и трикови, какви што прават и сега.

    Од Неготино, Мицкоски упати порака и до раководството на ДУИ, јасно посочувајќи им дека не е албанофоб, како што тие кажуваат, туку дека е криминалофоб кој ги презира политичките криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери и се богатеа на грбот на граѓаните и дека од прв до последен ќе одговараат за криминалот кој го правеле.


    „На секој митинг ги слушам од раководството на ДУИ, како ме нарекуваат ваков, таков, споменуваат орли, зајци за да последно ме наречат албанофоб. Еве јас оттука од Неготино, би сакал и ним да им одговорам. Јас не сум ниту албанофоб, ниту каков било човек којшто е ксенофоб и којшто има проблем со етничката припадност на кој било мој сограѓанин во нашата заедничка татковина, Македонија. 

    Но, да сум криминалофоб и ги презирам оние политички криминалци коишто во политиката влегоа голтари, а излегоа од политиката милионери и сега мислат дека на етничка карта ќе играат и народот ќе заборави што правеа 20 години кога градеа дворци, кога купуваа трговски центри, кога купуваа скапи деловни простории во центарот на Скопје, кога купуваа мајбах автомобили и што уште не, на грбот на нашиот народ. Е јас сум тоа, криминалофоб и ќе одговарате од прв до последен за криминалот што го направивте“, порача Мицкоски.

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.