Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски најави големи промени во полицијата – се ќе биде снимено

    27.11.2026 во 11:14

    Нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници во Русија: Две лица хоспитализирани

    27.11.2026 во 10:53

    Грипот зема замав – Скопје со најмногу нови случаи

    27.11.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски најави големи промени во полицијата – се ќе биде снимено
    • Нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници во Русија: Две лица хоспитализирани
    • Грипот зема замав – Скопје со најмногу нови случаи
    • Повторно застрелан бизнисмен во Загреб: Напаѓачот го чекал во дворот на неговата куќа
    • Големи проекти за Скопје на повидок: Ѓорѓиевски откри што ќе се гради во 2027
    • Викендов снег и во Скопје – од понеделник нагло заладување
    • Град Скопје со важна вест пред празниците: Најавени награди за граѓаните
    • Митева: Наместо аргументи и факти, политичкиот опонент шири лаги и невистини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски најави големи промени во полицијата – се ќе биде снимено

    Тошковски најави големи промени во полицијата – се ќе биде снимено

    27.11.2026 во 11:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Боди камерите во иднина ќе бидат задолжителен дел од опремата на полициските службеници, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Полицајците ќе бидат обврзани да ги носат при преземање службени и оперативни активности, а целта е да се зголеми професионалноста во нивното постапување и да се обезбедат поквалитетни докази во судските постапки.

    „Полициските службеници при секое едно нивно дејствување, при секое едно нивно оперативно преземање на активности ќе бидат задолжени да носат боди камери“, изјави Тошковски.

    Според министерот, воведувањето на камерите треба да придонесе за поголема одговорност на полицајците, но и за поефикасно постапување на обвинителството и судовите.

    „Со тоа, од една страна цениме дека ќе се поткрене професионалниот одговор од страна на полициските службеници, но од друга страна цениме дека и те како ќе биде корисно во рамки на доказните постапки“, рече Тошковски.

    Тој посочи дека снимките од камерите ќе овозможат побрзо собирање и доставување докази до надлежните институции, како и подобрување на квалитетот на доказниот материјал врз основа на кој обвинителството постапува, а судовите носат одлуки.

    Прочитај повеќе

    Грипот зема замав – Скопје со најмногу нови случаи

    27.11.2026 во 10:52

    Големи проекти за Скопје на повидок: Ѓорѓиевски откри што ќе се гради во 2027

    27.11.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.