Close Menu
Press24
    Најново

    Обилни врнежи низ Македонија – УХМР информира каде наврна најмногу

    27.11.2026 во 09:53

    Уште тројца уапсени во истрагата за злоупотреби во „Алта банка“

    27.11.2026 во 09:40

    Зеленски до Трамп: Путин е агресор

    27.11.2026 во 09:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обилни врнежи низ Македонија – УХМР информира каде наврна најмногу
    • Уште тројца уапсени во истрагата за злоупотреби во „Алта банка“
    • Зеленски до Трамп: Путин е агресор
    • ВМРО-ДПМНЕ најавува нова мерка за младите брачни парови
    • СДСМ: „Зошто нема истрага за Алта банка во Македонија, додека во Србија има апсења”
    • Зеленски предупреди: Русија се подготвува за нов масовен напад врз Украина
    • Почнува судењето на Корабоски – Случајот со Сара Ѓорѓиеска кој ја потресе Македонија
    • Скопјанец претепан од познаник – Два месеци молчел, па решил да пријави
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обилни врнежи низ Македонија – УХМР информира каде наврна најмногу

    Обилни врнежи низ Македонија – УХМР информира каде наврна најмногу

    27.11.2026 во 09:531 Min Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обилни врнежи од дожд се регистрирани во западните делови на земјава во изминатите 24 часа, а најмногу дожд наврнал во Лазарополе, каде се измерени 24 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Во Пожаране се измерени 22 литри на квадратен метар, во Маврови Анови 18, на Попова Шапка 14, а во Тетово 12 литри.

    Врнежи се регистрирани и во Претор, каде наврнале 8 литри на квадратен метар, во Крушево 7, во Охрид и Битола по 6, во Тополчани 2, додека во Прилеп, Берово и Велес е измерен по еден литар на квадратен метар.

    Според прогнозата на УХМР, дождот ќе продолжи и во текот на денешниот ден. Времето ќе биде облачно со повремени врнежи, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на квадратен метар за 24 часа.

    По одделни котлини и на некои повисоки места ќе има појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 6 до 13 степени.

    Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне 10 степени.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ најавува нова мерка за младите брачни парови

    27.11.2026 во 09:28

    СДСМ: „Зошто нема истрага за Алта банка во Македонија, додека во Србија има апсења”

    27.11.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.