Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

    26.11.2026 во 14:01

    Филипче до Мицкоски: Порачајте им на вашите пријатели од Србија да не ми се закануваат

    26.11.2026 во 13:54

    Татко се јавил во полиција: Поранешниот партнер ја вознемирува на ќерка ми една година

    26.11.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
    • Филипче до Мицкоски: Порачајте им на вашите пријатели од Србија да не ми се закануваат
    • Татко се јавил во полиција: Поранешниот партнер ја вознемирува на ќерка ми една година
    • Малолетник од установа за згрижување пријавен дека имал полови односи со возрасни лица
    • Затвореник од Штип му се заканувал на вработен во затворот и на неговото семејство
    • Малолетници нападнати на автобуска постојка во Центар, родителите пријавиле во полиција
    • Тешка сообраќајка на патот Студеничани–Зелениково, повредени пет лица
    • Малолетничка прегазена на крстосница во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

    Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

    26.11.2026 во 14:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на пратеничко прашање и обвинувањата на пратеникот Венко Филипче за лошата состојба во економијата, истакна дека бројките се немилосрдни и дека имајќи ја предвид почетната состојба што ја остави владата на СДСМ и ДУИ, односно ниската основа со која што се споредуваат резултатите на оваа Влада, бројките во последните две ипол години се подоминантни од било која економија.

    „Што се однесува за економијата, горивата итн. ќе споделам нешто со вас. Каде и да одиме, вклучително и вчера во Брисел, каде и да одиме сите прашуваат како успевате да бидете од 30 центи до 50 центи по литар поевтини од нас за дизел горивата и како успевате тоа да го одржите со месеци. Буквално сите прашуваат, многу поразвиени земји од нашата.

    Вие можете да се потсмевате, да навредувате, да омаловажувате околу постигнувањата во економијата на оваа Влада, но бројките се немилосрдни и тие бројки се многу подоминантни од било која економија во последните 2 ипол години имајќи го предвид почетокот, односно основата со која што се споредуваме. Ние се споредуваме со многу ниска основа благодарение на вашата влада. И да таа ниска основа со која што се споредуваме, криминална, предавничка, анационална, ненародна итн. ние имаме раст во економијата да речеме 2024 година од 3,8% реален, во 2025 година исто така 3,8%, а просекот во првата половина од оваа година е 3,7% со тоа што во вториот квартал е 4,3% реален раст, а номиналниот е помеѓу 7 и 8%“, потенцираше Мицкоски. 

    Што се однесува на БДП, Мицкоски рече дека таргетот од 20 милијарди долари којшто Владата го постави за да крајот на мандатот се постигна уште во 2025 година. 

    „И тоа што беше наша цел да дојдеме до 20 милијарди долари на крајот од мандатот, јас можам да ви кажам дека еве таа цел ја остваривме на крајот од 2025 година. Дојдовме блиску до 20 милијарди долари БДП. Ова година ќе отидеме над 21 милијарда долари или отприлика 21 милијарда и двеста -триста, зборам за 2026-та БДП, номинална вредност. По куповна моќ е над 32 илјади долари по глава на жител, а по номинална е некаде околу 12-12 илјади и нешто. За 2025 зборам, а 2026-та ќе биде повеќе. Тоа се бројки, а пред бројките велат дека и боговите молчат. Претпоставувам дека тоа ќе ви го објаснат“, нагласи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Филипче до Мицкоски: Порачајте им на вашите пријатели од Србија да не ми се закануваат

    26.11.2026 во 13:54

    Филипче до Мицкоски: Со кого го направивте дилот за влез на „Алта банка“ во Македонија

    26.11.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.