35-годишен затвореник е пријавен за упатување закани кон вработен во Казнено-поправната установа Затвор Штип и неговото семејство.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.З.(35) од с.Батинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”“, соопшти МВР.
Според пријавата, заканите биле упатени на 6 октомври 2026 година во затворот во Штип.

