Возач на автомобил „опел астра“ се здобил со тешки телесни повреди, а четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на локалниот пат Студеничани–Зелениково, во атарот на селото Орешани.
Во несреќата учествувале „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот А.Г. од Зелениково, и товарно возило „фолксваген транспортер“, управувано од 45-годишниот Ф.Т. од Батинци.
Според МВР, возачот на „опелот“ се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и неговите сопатници Р.Г.(67) и И.Г.(63), двајцата од Средно Коњари, како и С.Т.(63) од Батинци. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

