Малолетник во Тетово подолг период бил изложен на закани и барања за пари од две други малолетни лица, а пред завчера бил и физички нападнат на Градскиот плоштад откако одбил да им го предаде електричниот тротинет.
Според полицискиот извештај, „вчера во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека подолг период две малолетни лица му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него.“
Во билтенот се додава дека „Последниот инцидент се случил пред два дена на Градскиот плоштад во Тетово, кога момчето одбило да им го даде својот електричен тротинет, по што едно од малолетните лица физички го нападнало“, додека „Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.“

