Наставник во училиште во дебарско село вчера во 18:30 часот бил пријавен во ОВР Дебар за физички напад врз ученик во училишниот објект.
Според извештајот на полицијата, „вчера во 18:30 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во едно училиште во дебарско село, наставник физички нападнал ученик во школото.“
Од ОВР Дебар соопштуваат дека „Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.“

