Close Menu
Press24
    Најново

    „Не си сама“: Ѓорѓиевски најави нова поддршка за жртвите на семејно насилство

    26.11.2026 во 11:53

    Милевски: Спортот оди кон пропаст, субвенциите се намалени за 20 проценти

    26.11.2026 во 11:52

    УХМР ја објави временската прогноза за утре – Следи лоша промена на времето

    26.11.2026 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Не си сама“: Ѓорѓиевски најави нова поддршка за жртвите на семејно насилство
    • Милевски: Спортот оди кон пропаст, субвенциите се намалени за 20 проценти
    • УХМР ја објави временската прогноза за утре – Следи лоша промена на времето
    • Снег до 30 сантиметри, температури во минус: Зимски пресврт за викендот на Балканот
    • Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска предложена за судија во Уставниот суд
    • Падна цената на нафтата
    • Родителите во паника во регионот: Ученик се заканил дека ќе донесе оружје и дека има список со ученици
    • ЕУ со предупредување до Западен Балкан: Нема членство без реформи и почитување на европските вредности
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Не си сама“: Ѓорѓиевски најави нова поддршка за жртвите на семејно насилство

    „Не си сама“: Ѓорѓиевски најави нова поддршка за жртвите на семејно насилство

    26.11.2026 во 11:532 Mins Read
    Орце Ѓорѓиевски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави повеќе мерки за поддршка и заштита на жртвите на родово базирано насилство, меѓу кои бесплатна правна помош, психолошко советување, безбеден превоз и помош за економско осамостојување.

    Ѓорѓиевски информира дека Град Скопје веќе отстапил стан во сопственост на Градот за отворање шелтер-центар, наменет за заштита и привремено сместување на жртвите на родово базирано насилство. Дополнително, Градот финансиски ги поддржува здруженијата кои обезбедуваат стручна помош и советување.

    Тој ова го соопшти по учеството како панелист на дискусија посветена на борбата против родово базираното насилство, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, УМС и Градскиот комитет на партијата.

    Како дел од најавените активности е програмата „Не си сама – бесплатна поддршка за нов почеток“, која треба да опфати бесплатна правна помош и психолошко советување, безбеден превоз до засолниште или надлежна институција, како и итни пакети со храна, хигиенски средства и основни производи за децата.

    Предвидено е и назначување едно лице за контакт кое, со согласност на жената и со почитување на доверливоста, ќе ѝ помогне да ја добие потребната поддршка без постојано повторување на трауматичното искуство пред различни институции.

    Ѓорѓиевски најави дека на тематска седница на Локалниот совет за превенција ќе се утврдат надлежностите за секоја услуга и начинот на постапување во итни случаи.

    Во план е и потпишување меморандум за соработка со УНФПА, организирање сертифицирани обуки за практични вештини и поврзување на жените со работодавачи, со цел нивно економско осамостојување.

    Дополнително, ќе се обучуваат вработените во градските служби, јавните претпријатија и установите за препознавање и соодветно постапување при случаи на насилство, а со средношколците ќе се разговара за личните граници, рамноправноста и препознавањето насилство во врските.

    „Одговорноста за насилството е кај насилникот. А мојата одговорност како градоначалник е кога на една жена ќе ѝ кажеме ‘Не си сама’, таа да знае дека има сигурно место денес и поддршка за самостоен живот утре“, порача Ѓорѓиевски.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    УХМР ја објави временската прогноза за утре – Следи лоша промена на времето

    26.11.2026 во 11:49

    Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска предложена за судија во Уставниот суд

    26.11.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.