Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф 90 милиметри, денеска (26 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето во населбата Визбегово.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе бидат корисниците од улицата 1 во населбата Визбегово.
Прекинот на водоснабдувањето започна во 9:40 часот и ќе трае до завршување на работните активности за отстранување на дефектот.

