Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни средства за пензионерите во 2027

    26.11.2026 во 09:30

    ВМРО-ДПМНЕ: Студентски картички, ваучери и нови можности за вработување на младите

    26.11.2026 во 09:20

    Експлодирале плински боци во камион – најмалку 30 загинати во Каиро

    26.11.2026 во 09:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни средства за пензионерите во 2027
    • ВМРО-ДПМНЕ: Студентски картички, ваучери и нови можности за вработување на младите
    • Експлодирале плински боци во камион – најмалку 30 загинати во Каиро
    • Денес ѕвездите носат убави изненадувања: Еден знак ќе реши важен проблем, друг ќе добие нова можност
    • Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите
    • „Нефрон“ ја подига свеста за значењето на донирањето органи
    • Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА
    • УХМР издаде метео-предупредување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Студентски картички, ваучери и нови можности за вработување на младите

    ВМРО-ДПМНЕ: Студентски картички, ваучери и нови можности за вработување на младите

    26.11.2026 во 09:20Updated:26.11.2026 во 09:302 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни мерки и проекти покажува дека младите се еден од главните приоритети, оценуваат од партијата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи на подобрување на условите за образование, унапредување на студентскиот стандард и отворање нови можности за вработување, самовработување и професионален развој.

    Како една од актуелните мерки ја посочуваат студентската картичка, преку која студентите ќе добијат низа поволности, меѓу кои и 20 проценти пониски цени за услугите што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги.

    Од партијата наведуваат дека покрај оваа мерка, досега се доделени 55.000 ваучери во вредност од 250 евра за набавка на електронски уреди, а се инвестира и во реконструкција на студентските домови.

    Во соопштението се посочува дека студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје бил пуштен во употреба во септември, додека во тек е реконструкцијата на „Кузман Јосифовски-Питу“, инвестиција вредна околу 10 милиони евра.

    ВМРО-ДПМНЕ ги издвојува и дигитализацијата на универзитетите, воведувањето електронски индекс и мерката „Месеци на практикантство“, преку која студентите добиле можност да стекнат практично искуство во општините.

    Во однос на вработувањето, од партијата велат дека преку Програмата за самовработување со грант во 2025 година биле отворени речиси 2.200 нови правни субјекти.

    Дополнително, наведуваат дека годинашниот Оперативен план за вработување вреди 40 милиони евра и опфаќа над 10.000 лица, при што 32 милиони евра се наменети за директни мерки за вработување, со посебен фокус на младите до 29 години.

    Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека остануваат посветени на политики кои треба да им овозможат на младите подобри услови за образование, поголема економска независност и можности за професионален развој.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни средства за пензионерите во 2027

    26.11.2026 во 09:30

    Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите

    26.11.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.