Close Menu
Press24
    Најново

    Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите

    26.11.2026 во 09:03

    „Нефрон“ ја подига свеста за значењето на донирањето органи

    26.11.2026 во 09:00

    Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА

    26.11.2026 во 08:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите
    • „Нефрон“ ја подига свеста за значењето на донирањето органи
    • Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА
    • УХМР издаде метео-предупредување
    • Немирна ноќ во Скопје: Во полиција пријавени два инциденти
    • Семејна драма во Македонија: 60-годишен маж ја истепал 80-годишната мајка
    • Симбол на мудроста, смирението и милосрдието: Се празнува Свети Јован Златоуст
    • Лашкоска во Виена на средби со УНИДО за зелени инвестиции и нови проекти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите

    Историски чекор за инклузијата: Македонските филмови стануваат пристапни за сите

    26.11.2026 во 09:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Кинотеката на Македонија денеска ќе се одржи официјалната промоција на проектот „Гледаме со ушите“, преку кој за првпат македонски филмови добиваат аудиодескрипција, со што стануваат пристапни за слепите и слабовидните лица.

    Промоцијата е закажана за 9:30 часот во кино-салата на Кинотеката во Скопје. Проектот го реализираат Здружението ФЛУКТУС, Асоцијацијата за пристапност и инклузија (АПИ) и ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје, во соработка со Кинотеката и со поддршка од Министерството за култура и туризам.

    Како дел од проектот, за првпат три значајни дела од македонското филмско наследство се адаптирани со стандардизирана аудиодескрипција на македонски јазик. Станува збор за „Снимките на браќата Манаки“, филмот „Фросина“ од 1952 година и „Македонска крвава свадба“ од 1967 година.

    На промоцијата ќе биде презентиран процесот на изработка на аудиодескрипцијата, а присутните ќе имаат можност да проследат и кратки филмски исечоци, со споредба на сцени без и со аудиодескрипција.

    Предвидена е и отворена дискусија за можностите за системско воведување на аудиодескрипцијата во македонската филмска и телевизиска продукција.

    Во рамките на проектот ќе се организираат и две бесплатни филмски проекции во Кинотеката.

    Првата е закажана за 27 ноември, петок, со почеток во 10:30 часот, кога ќе бидат прикажани избор од „Снимките на браќата Манаки“ и филмот „Македонска крвава свадба“.

    Втората проекција ќе се одржи на 30 ноември, понеделник, во истиот термин, со избор од снимките на браќата Манаки и филмот „Фросина“.

    Проектот претставува значаен чекор кон поголема пристапност и еднакви можности за слепите и слабовидните лица да уживаат во македонското филмско наследство.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    „Нефрон“ ја подига свеста за значењето на донирањето органи

    26.11.2026 во 09:00

    Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА

    26.11.2026 во 08:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.