Close Menu
Press24
    Најново

    Лашкоска во Виена на средби со УНИДО за зелени инвестиции и нови проекти

    26.11.2026 во 08:33

    ФОТО: Вака изгледа поранешниот Дисконт „Тинекс” по вчерашниот пожар

    26.11.2026 во 08:31

    АМСМ информира за состојбата на патиштата

    26.11.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лашкоска во Виена на средби со УНИДО за зелени инвестиции и нови проекти
    • ФОТО: Вака изгледа поранешниот Дисконт „Тинекс” по вчерашниот пожар
    • АМСМ информира за состојбата на патиштата
    • „Моите права, мојата иднина“ – Во Собрание едукативен настан за детските права во дигиталниот свет
    • Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во делови на Скопје
    • Пратениците денеска ќе поставуваат прашања до премиерот и министрите
    • Два дена за разгледување на 400 амандмани – Продолжува амандманската расправа за Буџетот
    • УХМР најавува обилни врнежи: Студен бран од север носи и снег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лашкоска во Виена на средби со УНИДО за зелени инвестиции и нови проекти

    Лашкоска во Виена на средби со УНИДО за зелени инвестиции и нови проекти

    26.11.2026 во 08:332 Mins Read
    МЖСПП
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ја предводеше државната делегација на 54. сесија на Одборот за индустриски развој на Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој (УНИДО), како и на свечениот настан по повод 60-годишнината од основањето на организацијата.

    Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека учеството на овие меѓународни настани било можност за продлабочување на соработката со УНИДО, промовирање на националните приоритети во областа на зелената транзиција и отворање нови можности за меѓународна финансиска и експертска поддршка.

    За време на работната посета на Виена, Лашкоска остварила средби со високи претставници на УНИДО – Смаил Ал Хилали, директор на Одделот за циркуларна економија и зелена индустрија, и Соломија Омелјан, раководителка на Регионалното биро за Европа и Централна Азија.

    Во фокусот на разговорите бил развојот на националното проектно портфолио во рамките на деветтиот финансиски циклус на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ-9), кој го опфаќа периодот од 2026 до 2030 година.

    „Разговаравме за досегашната соработка, но поголем акцент ставивме на потенцијалните области за соработка и можностите за развој на идни проекти, вклучително и различни модели на комбинирано финансирање“, посочила Лашкоска.

    Од Министерството наведуваат дека ваквите финансиски механизми можат да овозможат мобилизирање дополнителни средства за зелени инвестиции, воведување чисти технологии, поефикасно користење на природните ресурси и намалување на негативното влијание на индустријата врз животната средина.

    Очекувањата се дека овие активности на долг рок ќе придонесат за поконкурентна економија, отворање одржливи работни места и подобар квалитет на живот на граѓаните.

    Како конкретен резултат од средбите, биле утврдени следните чекори за подготовка на проектни концепти, кои би биле доставени до Глобалниот еколошки фонд за разгледување и потенцијално финансирање.

    Од ресорното Министерство посочуваат дека ќе продолжат да ги развиваат партнерствата со меѓународните организации и финансиските институции, со цел соработката да се претвори во конкретни инвестиции и проекти за одржлив индустриски развој и заштита на животната средина.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Вака изгледа поранешниот Дисконт „Тинекс” по вчерашниот пожар

    26.11.2026 во 08:31

    АМСМ информира за состојбата на патиштата

    26.11.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.