Собранието денеска ќе ја одржи 131. седница, на чиј дневен ред се пратеничките прашања упатени до премиерот, министрите и останатите членови на Владата.
Согласно собраниската практика, седниците за пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток во месецот. Први прашања до претставниците на извршната власт поставуваат пратениците од опозицијата.
Денешната седница е претпоследна од ваков вид во 2026 година.

