Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 18 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. Расправата ќе продолжи по завршувањето на пленарната седница на која пратениците ќе поставуваат прашања.
За Предлог-буџетот за 2027 година се поднесени вкупно 400 амандмани. Најголем дел од амандманите што досега беа разгледани добија негативно мислење од владиниот претставник и беа одбиени.
Според предвидената динамика, амандманската расправа за Буџетот за 2027 година треба да заврши во наредните два дена.

