Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на улицата „Козле“ во Скопје.
Според информациите од МВР, во 02:00 часот било пријавено дека патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Б. од Скопје, удрило во бетонска ограда.
Во несреќата тешко биле повредени возачот и неговата 24-годишна сопатничка М.Ц. од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

