Close Menu
Press24
    Најново

    Акција на Интерпол во Македонија – Уапсени две лица

    25.11.2026 во 11:46

    Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити

    25.11.2026 во 11:42

    Исчезна 14-годишната Божица: Активиран системот „Пронајди ме“

    25.11.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Акција на Интерпол во Македонија – Уапсени две лица
    • Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити
    • Исчезна 14-годишната Божица: Активиран системот „Пронајди ме“
    • Уапсен уредникот на „Информер“ – Полицајци го пресретнале пред телевизијата
    • Драма во Македонија: Го тепале додека си го држел детето во раце
    • УХМР со предупредување: Следуваат обилни врнежи, викендот носи пресврт
    • Бомба фрлена врз куќата на директор на државна компанија во Србија
    • Зеленски го следат речиси девет милиони луѓе, а тој следи само една личност – еве за кого станува збор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Акција на Интерпол во Македонија – Уапсени две лица

    Акција на Интерпол во Македонија – Уапсени две лица

    25.11.2026 во 11:462 Mins Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 67 возила се одземени, а две лица се лишени од слобода во рамки на меѓународната оперативна акција „CARBACK II“, во која учествувала и македонската полиција. Акцијата, организирана од ИНТЕРПОЛ, била насочена кон откривање кражби, шверц и нелегална трговија со моторни возила, како и криминални мрежи поврзани со финансиски измами.

    Од Министерството за внатрешни работи информираат дека операцијата се спроведувала од 28 септември до 9 октомври 2026 година, при што на повеќе локации низ државата биле извршени 3.944 проверки на возила.

    Најголем дел од одземените возила, односно 55, биле запленети поради сомнение за кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

    Дополнително, три возила биле одземени поради сомнение за фалсификување документи и интервенции на бројот на шасијата (VIN), четири поради царински прекршоци, а две биле предмет на меѓународна потрага од Германија поради сомневања за измами со лизинг и затајување.

    По едно возило било одземено поради сомнение за затајување, фалсификување документи со користење регистарски таблички од друго возило и оштетување туѓи права.

    Покрај полициските контроли, биле спроведени и инспекциски надзори во 17 компании кои се занимаваат со продажба на автомобили и половни автомобилски делови. Во рамки на овие контроли биле проверени уште 809 возила, од кои 59 биле одземени.

    Во операцијата учествувале повеќе организациски единици на МВР, а поддршка дале и Царинската управа, Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити

    25.11.2026 во 11:42

    Драма во Македонија: Го тепале додека си го држел детето во раце

    25.11.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.