Close Menu
Press24
    Најново

    Забрана за издавање кредити и казни за две финансиски друштва: Министерството за финансии спроведе вонреден надзор

    25.11.2026 во 11:51

    Акција на Интерпол во Македонија – Уапсени две лица

    25.11.2026 во 11:46

    Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити

    25.11.2026 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Забрана за издавање кредити и казни за две финансиски друштва: Министерството за финансии спроведе вонреден надзор
    • Акција на Интерпол во Македонија – Уапсени две лица
    • Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити
    • Исчезна 14-годишната Божица: Активиран системот „Пронајди ме“
    • Уапсен уредникот на „Информер“ – Полицајци го пресретнале пред телевизијата
    • Драма во Македонија: Го тепале додека си го држел детето во раце
    • УХМР со предупредување: Следуваат обилни врнежи, викендот носи пресврт
    • Бомба фрлена врз куќата на директор на државна компанија во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Забрана за издавање кредити и казни за две финансиски друштва: Министерството за финансии спроведе вонреден надзор

    Забрана за издавање кредити и казни за две финансиски друштва: Министерството за финансии спроведе вонреден надзор

    25.11.2026 во 11:512 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

    Вонредниот надзор беше спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи.

    Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли. Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги. При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности.

    Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани коишто сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава до Министерството за финансии. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: prijavafd@finance.gov.mk.

    Имено, Министерството за финансии спроведува континуиран надзор над работењето на финансиските друштва. При тоа од јули 2024 година  има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

    Министерството за финансии ќе продолжи со континуиран надзор над финансиските друштва, засилено следење на работењето на финансиските друштва, како и преземање соодветни мерки во рамките на своите законски надлежности, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги.

    Прочитај повеќе

    Акција на Интерпол во Македонија – Уапсени две лица

    25.11.2026 во 11:46

    Драма во Македонија: Го тепале додека си го држел детето во раце

    25.11.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.