Српското Министерство за внатрешни работи го активираше системот за итно јавно известување „Пронајди ме“ за четиринаесетгодишната Божица Ајети, која е пријавена за исчезната на 23 ноември во Обреновац, пренесуваат медиумите.
Според соопштението од МВР на Србија, девојчето на 23 ноември околу 11:00 часот го напуштило основното училиште „Јован Јовановиќ Змај“ во Обреновац и заминало во непознат правец.
Божица Ајети е висока околу 160 сантиметри, со витка градба, светла кожа, кафеави очи и долга црна коса, а во моментот на исчезнувањето носела сива јакна, црна дуксерка со качулка, црни хеланки и бордо патики.
Полицијата апелира до граѓаните доколку имаат какви било информации за девојчето веднаш да пријават на телефонските броеви 011/192 или 064/8924059.

