Главниот и одговорен уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска бил уапсен во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Според објавите на „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат од полициски службеници во цивилна облека на околу 50 метри од зградата на телевизијата, по што бил спроведен во полициската станица во Вождовац.
Во првичните информации не се соопштува причината за приведувањето ниту дали му е одредено задржување, а засега нема ниту официјална потврда или соопштение од полицијата и обвинителството.

