Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) го следат речиси девет милиони корисници, на оваа платформа следи само една личност – неговата сопруга Олена Зеленска, пренесува „Вечерњи лист“.
Зеленски се приклучил на мрежата во април 2019 година, а спротивно на лажните тврдења од почетокот на војната во 2022 година дека ги отследил сите светски лидери, турската платформа за проверка на факти „Догрула“ преку архивирани податоци утврди дека тој претходно воопшто не следел ниту еден профил сè додека Олена Зеленска не се приклучила на платформата во јуни 2022 година.
Олена Зеленска има нешто повеќе од 250.000 следбеници и следи само два профила – на нејзиниот сопруг и на програмата за ментално здравје „Како си?“ (Ти як?).
За разлика од Икс, Зеленски на Инстаграм следи 244 профили, меѓу кои се светски лидери како Доналд Трамп, Доналд Туск и Марк Карни, познати личности како Том Харди, Орландо Блум и Никол Кидман, како и одредени организации и компании.

