Close Menu
Press24
    Најново

    „Создаваме решенија што траат“ – Божиновска го отвори првиот Форум за енергетска дипломатија

    25.11.2026 во 10:34

    „Ниту една повеќе“ – Протест против насилството врз жените во Скопје

    25.11.2026 во 10:28

    Пожар избувна во училиште во соседството

    25.11.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Создаваме решенија што траат“ – Божиновска го отвори првиот Форум за енергетска дипломатија
    • „Ниту една повеќе“ – Протест против насилството врз жените во Скопје
    • Пожар избувна во училиште во соседството
    • Гаши на средба со Пленковиќ: Хрватска останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија
    • Опасна инфекција се шири во Унгарија: 26 фетуси починале во матката, а пет новороденчиња по раѓањето
    • Температурите во дел од Македонија сеуште под нула – УХМР најавува снег
    • Апсење во Македонија: Ќе лежи три ипол години затвор
    • Прва ваква казна во историјата на ЕУ – Бугарија пред санкција, на удар и Унгарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Создаваме решенија што траат“ – Божиновска го отвори првиот Форум за енергетска дипломатија

    „Создаваме решенија што траат“ – Божиновска го отвори првиот Форум за енергетска дипломатија

    25.11.2026 во 10:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Македонија е поинаква отколку пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина“, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, отворајќи го првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје, посветен на обновливите извори и жените во енергетиката.

    Божиновска истакна дека енергетиката одамна не е само прашање на производство, снабдување и цени, туку е директно поврзана со националната безбедност, економската конкурентност и геополитичката стабилност.

    Според неа, во услови на глобални кризи, војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток, енергетската дипломатија станува еден од најважните инструменти за обезбедување сигурно снабдување, отворање нови правци и градење долгорочни партнерства.

    „Сакаме Скопје да биде место каде што заедничките предизвици ќе добијат заеднички решенија, а разговорите ќе водат до конкретна соработка. Нашата амбиција е да бидеме активен партнер во енергетските процеси“, нагласи Божиновска.

    Таа посочи дека стратешката положба на земјата создава можности Македонија да стане важна енергетска врска во регионот. Како значајни проекти ги посочи гасниот интерконектор со Грција и планираното поврзување со Србија, кои треба да отворат нови правци за снабдување и да ја зајакнат регионалната енергетска сигурност.

    Министерката нагласи дека европската енергетска безбедност зависи и од стабилноста и поврзаноста на Западен Балкан, поради што регионалната соработка е неопходна.

    Осврнувајќи се на досегашните активности, Божиновска рече дека резултатите од енергетската дипломатија треба да се мерат преку реализирани проекти, инвестиции и поголема сигурност во снабдувањето, а не само преку потпишани документи.

    „Нашата земја денес е поинаква отколку пред две години. Денес знаеме каде одиме, што сакаме да постигнеме и каква енергетска иднина сакаме да оставиме зад нас“, порача Божиновска, додавајќи дека крајната цел е енергетска независност.

    На отворањето се обратија и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјата, Рита Колумбија, како и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Арменд Грегоријан.

    На форумот „Обновливи извори и жените во енергетиката“ учествуваат над 200 домашни и странски гости и повеќе од 15 говорници, панелисти и модератори.

    Во фокусот на дискусиите се енергетската безбедност, обновливите извори, зеленото финансирање, регионалната соработка и женското лидерство во енергетскиот сектор. Предвидено е и потпишување декларација за поголемо учество на жените во енергетиката.

    Организатор е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Обединетите нации, УНДП и УНЕЦЕ.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    „Ниту една повеќе“ – Протест против насилството врз жените во Скопје

    25.11.2026 во 10:28

    Гаши на средба со Пленковиќ: Хрватска останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

    25.11.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.