На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој се осврна на актуелните состојби поврзани со Алта банка, воведувањето администрација и заштитата на средствата на граѓаните и посочи дека надзорната расправа дала јасни одговори на повеќе отворени прашања, нагласувајќи дека не постоеле трансакции меѓу Алта банка Битола и Алта банка Белград.
„Добро е што на самата надзорна расправа добивме многу одговори, а тоа е прво дека воопшто нема никакви трансакции помеѓу Алта банка Битола и Алта банка Белград, онаа теза дека се переле пари од Србија во Македонија падна во вода, добивме одговор на прашањето дека е воведна администрација на банката за да се спречи она коешто се случувало во минатото, ако направиме споредба во Еуростандард таму веднаш беше затворена банката, па случајно одредени струмички фирми коишто беа корисници на кредити не ги вратија, случајно тогаш министер поранешен за финансии дента пред да се затвори банката си ги повлече своите пари, својот депозит, сега тоа го нема, имаме администрација со цел да ги заштити токму граѓаните коишто ги користат услугите на Алта банка“, рече Петрушевски и додаде:
„Денеска се функционира по закон, да се заштитат граѓаните, да се заштитат нивните пари и да се демантираат сите лаги коишто ги ширеше опозицијата изминатиот период и предизвика или се надеваше дека ќе предизвика одредено стампедо во банкарскиот сектор и во другите банки се со цел да добие ситни политички поени“.
Петрушевски се осврна и на законитоста на преземањето на Алта банка, потенцирајќи дека не постои никакво прекршување на законските одредби и дека станува збор за приватна деловна трансакција во која државата не е учесник, и потсети дека истиот сопственик бил присутен и во 2023 година кога претходната влада одлучувала за воспоставување деловни односи со банката, а ги демантираше и тврдењата за наводно сомнителното потекло на средствата и забрана за купување банки во странство.
„Нема никакво прекршување во законските одредби за влез на Алта банка во Македонија, се работи за купување на приватен субјект, не учествува државата како што било во 2023 година кога на седница на Влада државата кажува да се стапи во деловни односи со Алта банка, истиот сопственик бил тогаш, претпоставувам и тогаш знаеле дека ова коешто го говореа денеска дека не знам какви биле тие пари, црни. Исто е невистина дека Алта банка Белград имала забрана за купување на банки во други држави“, дециден е Петрушевски.

