Close Menu
Press24
    Најново

    Бојковска ги открива инвестициите предвидени со Буџетот за 2027: 30 нови и 30 реконструирани спортски сали

    24.11.2026 во 18:49

    Повеќе дигитални услуги и помалку чекање: Андоновски најави што треба да се промени во следните три години

    24.11.2026 во 18:36

    Димитриеска-Кочоска на меѓународна финансиска конференција: Во фокус каматните стапки, инвестициите и глобалните пазари

    24.11.2026 во 18:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бојковска ги открива инвестициите предвидени со Буџетот за 2027: 30 нови и 30 реконструирани спортски сали
    • Повеќе дигитални услуги и помалку чекање: Андоновски најави што треба да се промени во следните три години
    • Димитриеска-Кочоска на меѓународна финансиска конференција: Во фокус каматните стапки, инвестициите и глобалните пазари
    • Во вторник е неработен ден
    • Им се заканувал на двата сина со остар предмет и ја оштетил покуќнината: Приведен скопјанец
    • Силен земјотрес од 4,6 степени ја погоди Турција, следеа уште пет потреси за 14 минути
    • Мицкоски утре во посета на Бутел, ќе отвори нов објект во ОУ „Ацо Шопов“
    • Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – најавени исклучувања на три локации
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска ги открива инвестициите предвидени со Буџетот за 2027: 30 нови и 30 реконструирани спортски сали

    Бојковска ги открива инвестициите предвидени со Буџетот за 2027: 30 нови и 30 реконструирани спортски сали

    24.11.2026 во 18:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Алсат телевизија гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, која истакна дека Буџетот за 2027 година става акцент на капиталните инвестиции, образованието и студентскиот стандард.

    „Овој Буџет којшто е за 2027 година дава фокус на капиталните инвестиции, но дава и фокус многу на образованието, во овој Буџет се издвојуваат средства коишто значат конечно отпочнување на оној проект на зградите на Финки и на ФФК, и со овој Буџет имаме обезбедено средства за да се започне одредена фаза за отпочнување на овој проект. За наредната година имаме обезбедено средства за 30 целосно нови спортски сали во училиштата и за реконструкција на 30 постојни спортски сали, зголемени се средствата за студентскиот стандард, за стипендиите, го пуштивме во употреба со поддршка на Европската Унија студентскиот дом Стив Наумов, а веќе до јануари месец се очекува и отворањето на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, и обврска даваме со овој Буџет дека ќе отпочне реконструкцијата и на останатите државни студентски домови“, рече Бојковска.

    Бојковска го оцени извештајот на Европската комисија како објективен приказ на напредокот на државата, посочувајќи ги образованието и дигитализацијата како области во кои е забележан напредок.

    „Јас би го оценила извештајот на Европската комисија како еден објективен извештај за напредокот на нашата држава, и тоа треба да ни биде патоказ што сме направиле досега, каде можеме да се подобриме, но особено значајно е што немаме уназадување во ниту една област и во ниту едно поглавје, што значи дека не сме направиле апсолутно никаква штета, потенцирани се особено оној напредок којшто се однесува на образованието, на дигитализацијата“, децидна е Бојковска.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска на меѓународна финансиска конференција: Во фокус каматните стапки, инвестициите и глобалните пазари

    24.11.2026 во 18:17

    Мицкоски утре во посета на Бутел, ќе отвори нов објект во ОУ „Ацо Шопов“

    24.11.2026 во 17:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.