Педесет и двегодишен жител на Дебар ќе одговара за уништување јавни инсталации откако исекол и собрал кабли од дрвени бандери, оставајќи дел од околината без струја.
„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.Г.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“. На 12.11.2026 пријавениот, кај месноста „Говедарски пат“ кај Дебар, со употреба на работен алат свесно и со умисла, ги пресекол каблите поставени на дрвени столбови за улично осветлување и ги собрал. На тој начин, пријавениот ја направил неупотреблива електричната инсталација за јавна употреба на енергија и улично осветлување, во должина од околу 120-150 метри“, соопшти МВР

