Полицијата во Гостивар вчеравечер лишила од слобода две момчиња откако при преглед на нивното возило била пронајдена марихуана.
„Вчера во 19:30 часот на ул. „Иљо Антесвки Смок“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.С.(21) и Ј.З.(22) двајцата од Гостивар, затоа што при преглед во патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана и дробилка“, се вели во соопштението од МВР.
По документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

