Грција на 25 ноември ќе биде погодена од голем синдикален штрајк, кој ќе предизвика нарушувања во авионскиот, железничкиот и поморскиот сообраќај.
Метрото и трамвајот во Атина ќе сообраќаат од 9 до 18 часот, додека во авиосообраќајот се најавени сериозни ограничувања поради 24-часовниот штрајк на вработените во цивилното воздухопловство.
Штрајкот ќе ги опфати и бродските линии, па се очекуваат откажувања на траектите кон грчките острови.
Синдикатите бараат повисоки плати, враќање на 13. и 14. плата и нови вработувања во јавниот сектор. Протести се најавени во Атина и Солун.
На патниците им се препорачува навреме да ги проверат информациите за своите летови и резервации.

