Постудени утра со температури под нулата нè очекуваат утре и во среда, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре во текот на денот времето ќе биде претежно сончево, но од среда кон крајот на денот се очекува промена на временските услови, со зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд.
Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните делови од земјава, каде што се прогнозираат над 30 литри дожд на квадратен метар.
Нов бран заладување се очекува за време на викендот, кога поради спуштањето на температурите врнежите ќе бидат од дожд и снег.

