Close Menu
Press24
    Најново

    ДУИ: Ниту еден албански ученик не добил стипендија во категоријата талентирани

    23.11.2026 во 10:05

    Акција на македонската полиција: Маж ќе лежи во затвор

    23.11.2026 во 09:58

    СДСМ: Вучиќ падна во Србија ама уште владее со Македонија

    23.11.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ: Ниту еден албански ученик не добил стипендија во категоријата талентирани
    • Акција на македонската полиција: Маж ќе лежи во затвор
    • СДСМ: Вучиќ падна во Србија ама уште владее со Македонија
    • Мицкоски најави нов закон: 20% попуст за купување на стан
    • Празник посветен на учениците на апостол Павле: Што се прави денеска, обичаи за денешниот ден
    • Малолетник истепан во Градски Парк во Скопје
    • ВМРО-ДПМНЕ по убиствата во Битола и Богданци: Да не дозволиме нови трагедии
    • Пациент си ја запалил постелата во болница, 15 лица повредени – Драма во Берлин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Ниту еден албански ученик не добил стипендија во категоријата талентирани

    ДУИ: Ниту еден албански ученик не добил стипендија во категоријата талентирани

    23.11.2026 во 10:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Само 80 албански ученици добиле стипендии од вкупно 817 доделени за учебната 2026/2027 година, што според ДУИ отвора прашања за еднаквиот третман и застапеноста на учениците при доделувањето на финансиската поддршка.

    Од партијата посочуваат дека албанските ученици учествуваат со помалку од 10 проценти во вкупниот број доделени стипендии, а особено го издвојуваат податокот дека во категоријата талентирани ученици, од вкупно 50 стипендии, ниту една не добил ученик Албанец.

    Во категоријата талентирани уметници, пак, само четири албански ученици добиле стипендија, од вкупно 150 доделени.

    ДУИ бара јавно објаснување од Министерството за образование и наука и од заменик-министерот Дритон Сулејмани за критериумите и постапката според кои биле избрани корисниците на стипендиите.

    Од партијата сметаат дека резултатите бараат детална анализа и транспарентност, особено во однос на еднаквите можности за сите ученици.

    „Стипендиите не се привилегија, туку можност што треба да се доделува врз основа на правични и еднакви критериуми“, наведуваат од ДУИ.

    Во соопштението се упатуваат и критики кон коалицијата ВЛЕН, со оценка дека декларативните заложби за еднаква застапеност треба да бидат проследени со конкретни резултати.

    ДУИ бара МОН да ги објави целосните податоци за бројот на пријавени кандидати, освоените бодови и избраните стипендисти по категории, како и да ги образложи критериумите врз основа на кои биле донесени одлуките.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Акција на македонската полиција: Маж ќе лежи во затвор

    23.11.2026 во 09:58

    СДСМ: Вучиќ падна во Србија ама уште владее со Македонија

    23.11.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.