Делови од Катланово и скопската општина Аеродром денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Во Катланово, прекинот ќе трае од 8 до 15 часот и ќе ги опфати корисниците на улицата „1“. Причината е планираната замена на три електрични столбови.
Во Аеродром, без струја ќе бидат дел од домаќинствата во периодот од 8:30 до 11 часот. Прекинот ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“.

