Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

    22.11.2026 во 12:14

    Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втората половина на 2027

    22.11.2026 во 12:07

    Рама за „Монструм“: Албанија нема да се меша во внатрешните работи на Македонија, институциите треба да ги решаваат случаите

    22.11.2026 во 11:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја
    • Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втората половина на 2027
    • Рама за „Монструм“: Албанија нема да се меша во внатрешните работи на Македонија, институциите треба да ги решаваат случаите
    • Архиепископот Стефан до Рускиот патријарх: Вашето служење претставува сведоштво за цврстината во верата и за свесноста за одговорноста
    • Рускиот патријарх се сретна со владиците на МПЦ-ОА: „За првпат сте тука како делегати на Македонската црква со законска автокефалија“
    • Во Берово најладно, најмногу дожд во Маврово
    • Спремете се: Од утре заладување
    • Мицкоски: „One Stop Shop” ке го олесни транспортот на патници меѓу Македонија и Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

    СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

    22.11.2026 во 12:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секојдневна борба за преживување и „крпен живот“, наместо нормално функционирање, е реалноста со која се соочуваат граѓаните, оценуваат од опозицискиот СДСМ. На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на партијата, Наташа Поповиќ, алармираше дека минималната синдикална кошничка веќе достигна 71.000 денари, додека со вклучена кирија месечните трошоци се искачуваат на речиси 90.000 денари,сума за која не се доволни ниту три плати.

    Според нејзините пресметки, само за основни прехранбени производи и пијалаци на едно семејство му се потребни речиси 26.000 денари месечно, без притоа да се пресметаат режиските трошоци, облеката, превозот и потребите за децата.

    „Откако се арамијата Мицкоски и криминалната ВМРО на власт минималната синдикална кошничка е зголемена за над 10.600 денари за само две години. Сега следува уште еден ценовен удар – посакпување на струјата и парното. Се што кажа Мицкоски излажа! Во септември најавуваше дека струјата нема да поскапи, а негоиот човек во РКЕ, Ацо Ристов сега најавува дека од следната година ќе има од 2 до 3 % повисоки сметки за струја, и од 6 до 8 % поскапо парно. Тоа ќе биде силен удар и ќе значи нови поскапувања, допилнително осиромашување на граѓаните“, рече Поповиќ.

    Од опозициската партија посочуваат на поразителни бројки за стандардот на работниците, тврдејќи дека од вкупно 540.000 вработени во државата, околу 180.000 работници примаат плата помала од 31.200 денаримесечно, со што практично живеат под прагот на сиромаштија.

    Иако СДСМ веќе две и пол години инсистира на зголемување на минималната плата на 600 евра и поднесе таков амандман и за новиот Буџет за 2027 година, одговорот од власта, како што велат од партијата, постојано е дека нема пари.

    „До толку нема пари во државната каса, само заради криминалното, душманско крадење на парите на народот. Затоа и се задолжуваат. 4 милијарди евра долг направи Мицкоски за 2 години, за оваа 2027 година најавуваат уште 2 милијарди евра ново задолжување. Нови милијарди задолжување, а работникот со минимална плата мора да пресметува што да тргне од кошничката за да му останат пари за сметки, за живот“, вели таа.

    Покрај економските параметри, членката на ИО на СДСМ упати остри критики и за состојбата со „АЛТА банка“, обвинувајќи ја власта дека ја претворила земјата во свртилиште на корупција и туѓи интереси.

    „На целата оваа економска катастрофа Мицкоски ни ја увезе Алта банка на Вучиќ, или поточно, неговата пералница за пари. Луѓето не можат да си ги подигнат сопствените пари. Немаат пари за храна, а старите и болните немаат пари за лекови. Срамота е што направи овој човек од државата. Македонија стана свртилиште на организиран криминал и корупција. Земја што служи на туѓи интереси. И за ова ќе одговара пред граѓаните, за осиромашувањето на народот, и за секој денар потрошен за криминални тендери, наместо за подобар живот на народот“, рече Поповиќ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

    21.11.2026 во 13:41

    Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

    21.11.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.