Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Реалната нето плата порасна за 5,2% за една година

    21.11.2026 во 13:39

    Пронајдено тело на 38-годишник кај Смилковци, имал и прострелна рана

    21.11.2026 во 13:02

    Семејствата на загинатите од „Пулс“: Со над 200 предложени сведоци се одолговлекува судењето

    21.11.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Реалната нето плата порасна за 5,2% за една година
    • Пронајдено тело на 38-годишник кај Смилковци, имал и прострелна рана
    • Семејствата на загинатите од „Пулс“: Со над 200 предложени сведоци се одолговлекува судењето
    • Ново мафијашко убиство во Црна Гора: Убиен е Милош Ѓуричковиќ од Шкалјарскиот клан
    • Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка
    • Паника на бејсбол натпревар: Фатен еден од десетте најбарани криминалци на ФБИ
    • Поднесено обвинение против насилникот од Битола: Ја тепал со тупаници и шамари, ја стегал за вратот и устата
    • ГТА ги сруши сите рекорди: За само 24 часа Росктар заработи 3,8 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Реалната нето плата порасна за 5,2% за една година

    Мицкоски: Реалната нето плата порасна за 5,2% за една година

    21.11.2026 во 13:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот задоволен од растот на платите во изминатата година. Вели, реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема од пред една година. Тоа според него е добар резултат ако се земе предвид еконосмката состојба во регионот и во светот.

    -Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика објави податоци за септември за просечната нето-плата. Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема од пред една година. Дали е тоа доволно? Јас би рекол дека не е. Дали треба уште? Треба. Но, имајќи ги предвид сите овие предизвици, ценам дека навистина резултатот е добар, би рекол многу добар – рече Мицкоски.

    Премиерот направи споредба со растот на платите во 2022 и во 2026 година.

    -Што е реална нето-плата за да можат граѓаните да заклучат? Тоа е кога од нето-платата ќе ја одземеме инфлацијата, односно зголемените трошоци за живот за тој месец за којшто ја анализираме таа реална нето-плата. Честопати морате да правите споредба и како било. Јас правам споредба со како било. А наједноставна споредба како било е кога месец септември 2026-та ќе го споредите со месец септември 2022, бидејќи некако слични се годините од аспект на енергетската криза, иако тогаш енергетската криза била завршена во месец септември 2022-ра – истакна Мицкоски.

    Вели дека кога ќе се направи споредба на овие два месеци, тогаш ќе се дојде до заклучокот дека сега реалната нето-плата, кога од нето-платата ќе се одземе инфлацијата, е зголемена за 5,2 отсто.

    -Тогаш била намалена за 5 отсто, односно била минус 5 проценти. Сега сме плус 5,2, тогаш сме минус 5 отсто. Тогаш била владата на СДСМ и ДУИ. Сега е владата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Дали е тоа доволно, ќе речам повторно, не е. Дали треба повеќе? Треба. Но, имајќи ја предвид состојбата, ќе повторам, сето она што се случува и во регионот и во светот, јас сум многу задоволен од тоа во која насока се движат првичните индикатори – нагласи Мицкоски.

    Според него, сите проблеми не се решени, но оцени дека состојбата е подобра отколку што била пред три години.

    -И дали за три години ќе биде подобро од денес? Јас сум убеден дека за три години ќе биде подобро од денес. Денес веќе немаме министри коишто жонглираат во кабинетите и играат кошарка, наместо да прават проекти и да работат за интересот на граѓаните, и можам уште многу примери да ви кажам. Но, она коешто мене ме прави задоволен во овој момент е фокусот, и покрај тоа што имаме навистина тешка и предизвикувачка состојба во светот – додаде премиерот Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Пронајдено тело на 38-годишник кај Смилковци, имал и прострелна рана

    21.11.2026 во 13:02

    Семејствата на загинатите од „Пулс“: Со над 200 предложени сведоци се одолговлекува судењето

    21.11.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.