Close Menu
Press24
    Најново

    Пронајдено тело на 38-годишник кај Смилковци, имал и прострелна рана

    21.11.2026 во 13:02

    Семејствата на загинатите од „Пулс“: Со над 200 предложени сведоци се одолговлекува судењето

    21.11.2026 во 12:50

    Ново мафијашко убиство во Црна Гора: Убиен е Милош Ѓуричковиќ од Шкалјарскиот клан

    21.11.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пронајдено тело на 38-годишник кај Смилковци, имал и прострелна рана
    • Семејствата на загинатите од „Пулс“: Со над 200 предложени сведоци се одолговлекува судењето
    • Ново мафијашко убиство во Црна Гора: Убиен е Милош Ѓуричковиќ од Шкалјарскиот клан
    • Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка
    • Паника на бејсбол натпревар: Фатен еден од десетте најбарани криминалци на ФБИ
    • Поднесено обвинение против насилникот од Битола: Ја тепал со тупаници и шамари, ја стегал за вратот и устата
    • ГТА ги сруши сите рекорди: За само 24 часа Росктар заработи 3,8 милијарди долари
    • Драма во Куманово: Пијан истурил две шишиња бензин за да ја запали куќата и своите ќерка и внука
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пронајдено тело на 38-годишник кај Смилковци, имал и прострелна рана

    Пронајдено тело на 38-годишник кај Смилковци, имал и прострелна рана

    21.11.2026 во 13:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тело на 38-годишник со прострелна рана во ногата е пронајдено изутрината кај селото Смилковци. Како што објавија медиумите, станува збор за Един Ш. од скопското село Љубин. 

    Телото било пронајдено во близина на неговото возило марка „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки.

    Причините и околностите за смртта сѐ уште не се утврдени. Телото е предадено на обдукција. 

    Од МВР соопштија дека случајот бил пријавен рано изутрина.

    „На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал“, информираат од МВР.

    На местото пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт. При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата.

    „Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан“, соопштија од Министерството.

    Засега не е утврдено како настанала прострелната повреда, дали таа е непосредната причина за смртта, ниту под кои околности 38-годишникот се нашол на обиколницата.

    Обдукцијата и понатамошната истрага треба да дадат одговор на овие прашања, додека полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

    Прочитај повеќе

    Поднесено обвинение против насилникот од Битола: Ја тепал со тупаници и шамари, ја стегал за вратот и устата

    21.11.2026 во 11:28

    Драма во Куманово: Пијан истурил две шишиња бензин за да ја запали куќата и своите ќерка и внука

    21.11.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.