Наставник е пријавен во полиција за физички напад врз двајца малолетни ученици за време на турнир во мал фудбал во основно училиште на подрачјето на скопски Чаир.
Според информациите од полицијата, вчера (19.11.2026) во 23:00 часот во СВР Скопје, 47-годишниот В.Р. и 44-годишниот Е.Љ., двајцата од Скопје, го пријавиле инцидентот.
Тие навеле дека во спортска сала во склоп на основното училиште, додека траел турнирот, нивните двајца малолетни синови биле физички нападнати од нивниот наставник А.Н.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

