Close Menu
Press24
    Најново

    Паднаа тројца полицајци – тепале малолетник со палка и тврд предмет

    20.11.2026 во 16:55

    „Порше“ со бугарски таблички запрено на патот Градско–Прилеп, кај возачот пронашле марихуана

    20.11.2026 во 16:41

    Сопругот ме нападна, 68-годишник приведен во Гостивар

    20.11.2026 во 16:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паднаа тројца полицајци – тепале малолетник со палка и тврд предмет
    • „Порше“ со бугарски таблички запрено на патот Градско–Прилеп, кај возачот пронашле марихуана
    • Сопругот ме нападна, 68-годишник приведен во Гостивар
    • Дошла на посета кај брат ѝ во Идризово, па ја фатиле со марихуана
    • Двојка од Германија по две и пол години ја подигнале добивката од 250.000 евра на лотарија
    • Две лица повредени, удрил во паркиран автомобил и возач на автопат Скопје-Куманово
    • Ѓорѓиевски: Нови машини за почисти училници и ходници во скопските средни училишта
    • Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа тројца полицајци – тепале малолетник со палка и тврд предмет

    Паднаа тројца полицајци – тепале малолетник со палка и тврд предмет

    20.11.2026 во 16:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кривична пријава е поднесена против тројца полициски службеници, меѓу кои и еден од Србија, поради сомнение за малтретирање во службата на малолетник во Охрид.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција против С.С., Б.Г. и Ј.И.

    Пријавата е поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.

    Настанот се случил на 29.07.2026 околу 05:05 часот во Охрид, кога пријавените С.С. и Б.Г., полициски службеници од СВР Охрид, и Ј.И., полициски службеник од Србија, при вршење на службени дејствија сопреле мотоцикл управуван од малолетник без дозвола, кој се обидел да побегне.

    Според пријавата, тие набргу го фатиле и кон него употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет, при што му нанеле повреди на повеќе делови на телото.

    По наредба на ОЈО ГОКК, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави барање до надлежната служба за внатрешна контрола при МВР на Република Србија за вршење службен разговор со Ј.И.

    Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници С.С. и Б.Г. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место – суспензија.

    Прочитај повеќе

    „Порше“ со бугарски таблички запрено на патот Градско–Прилеп, кај возачот пронашле марихуана

    20.11.2026 во 16:41

    Сопругот ме нападна, 68-годишник приведен во Гостивар

    20.11.2026 во 16:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.