Close Menu
    Најново

    Божиновска: Силна меѓуинституционална координација за успешна примена на Планот за праведна транзиција

    23.12.2025 во 19:01

    Почина Васил Рингов, легендата на македонскиот фудбал

    23.12.2025 во 18:23

    Зеленски по разговорите во Мајами: Подготвени се нацрт-документите за крај на војната

    23.12.2025 во 18:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Божиновска: Силна меѓуинституционална координација за успешна примена на Планот за праведна транзиција
    • Почина Васил Рингов, легендата на македонскиот фудбал
    • Зеленски по разговорите во Мајами: Подготвени се нацрт-документите за крај на војната
    • Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза
    • Грета Тунберг уапсена во Лондон
    • Ѓорѓиевски: Изречени се казни за загадувачите во Скопје, толеранција за никого нема да има
    • Алармантно кај Новаци: Се активира свлечиште на патот кон Маково, сообраќајот се одвива по девијација
    • СДСМ: Зошто мазутот не е набавен навреме, туку сега панично се бара решение?
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Минчев и Дукај: Зајакнување на јавната администрација преку регионална соработка

    Минчев и Дукај: Зајакнување на јавната администрација преку регионална соработка

    01.10.2025 во 17:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

     Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил билатерална средба со својот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, кој е во работна посета на земјава. Целта на средбата, како што информирааат од кабинетот на Минчев, е зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на јавната администрација.

    Минчев и Дукај, се вели во соопштението, размениле визии и идеи за унапредување на реформските процеси и примена на современи методологии кои ќе придонесат кон создавање на поефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација. 

    -Реформата на јавната администрација не е само внатрешна обврска, туку и надворешен сигнал, дека нашите институции се подготвени за европските стандарди, за модерно управување и вистински партнерства во регионот. Токму оваа соработка е доказ за тоа, што ја потврдува нашата посветеност кон транспарентност, ефикасност и заемна поддршка на патот кон европската интеграција, изјави Минчев.

    Во јуни годинава беше потпишан Меморандум за соработка, кој служи како цврста основа за стратешка и континуирана комуникација меѓу двете министерства, овозможувајќи заедничка реализација на проекти и иницијативи поддржани од меѓународни партнери и Европската Унија.

    -Во согласност со стратешката определба за воспоставување на ефикасна, модерна и граѓански ориентирана јавна администрација, ја препознавме важноста на регионалната соработка и размената на најдобри практики во оваа област. Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на партнерските односи, изјави Дукај.

    Министерството за јавна администрација, се вели во соопштението, останува посветено на унапредување на меѓународната соработка и градење на партнерства кои придонесуваат за професионални и поефикасни институции.

    Популарно

    Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа

    23.12.2025 во 10:18

    Ахмети: Јас ја уништив Југославија

    22.12.2025 во 22:03

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Печалбарите се враќат дома за празниците – за два дена над 30 000 влегле само на Табановце

    23.12.2025 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.