Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Нови машини за почисти училници и ходници во скопските средни училишта

    20.11.2026 во 15:01

    Просечната нето-плата во септември 49.141 денар

    20.11.2026 во 14:54

    Се сопнал од кофа и паднал во необезбедено лифтовско окно – две лица и две фирми обвинети за смртта на Кристијан Љушев во Охрид

    20.11.2026 во 14:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Нови машини за почисти училници и ходници во скопските средни училишта
    • Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
    • Се сопнал од кофа и паднал во необезбедено лифтовско окно – две лица и две фирми обвинети за смртта на Кристијан Љушев во Охрид
    • 28-годишник од Чаир го запалил автомобилот на мајка си, се заканувал дека ќе го запали и станот
    • ГОБ „8-ми Септември“ за пожарот: Вработените забележале чад на тераса, материјалната штета е незначителна
    • Државниот санитарен инспекторат доби нов директор
    • Полициска акција во Скопје: Приведени Македонци, Турчин и Американец
    • Отпушок од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Нови машини за почисти училници и ходници во скопските средни училишта

    Ѓорѓиевски: Нови машини за почисти училници и ходници во скопските средни училишта

    20.11.2026 во 15:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше во работна посета на средното училиште „Здраво Цветковски“ каде што беа презентирани новите машини за подно чистење на училниците и ходниците во сите скопски средни училишта.

    – Секое утро нашите средношколци заслужуваат да влезат во чисто и уредно училиште. Затоа набавивме машини за подно чистење за градските средни училишта.  Со нив, вработените кои секојдневно се грижат за хигиената, ќе можат побрзо и потемелно да ги исчистат и долгите ходници и училниците во кои се образува иднината на Скопје. Ним им должиме благодарност за трудот и современа опрема што ќе им ја олесни работата. Како градоначалник, моја одговорност е на вработените да им обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности. Мојата заложба е секој млад човек, во кој било дел од Скопје да расте, во своето училиште да ги добие и условите и шансата да покаже колку може – изјави Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во изминатава година во средните училишта на Град Скопје се обновени спортските терени, а училниците се опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли.- Обезбедивме ормарче за секој ученик, бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата. Во „Димитар Влахов“ отворивме фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема. Организиравме бесплатен едукативен камп во Охрид, а за оваа зима предвидовме и ски-викенд за средношколците. Поставуваме фотоволтаици во училиштата, а следната година ќе градиме и две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров – нагласи Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Бесплатни садници за граѓаните и нови дрвја низ општината – Почна акцијата во Гази Баба

    20.11.2026 во 11:01

    ФОТО: Реконструирано игралиштето зад Универзална сала, најмалите добија нов простор за забава

    20.11.2026 во 09:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.