Пет лица биле лишени од слобода во Скопје во текот на во изминатото деноноќие, откако полицијата кај нив пронашла и одзела прашкасти материи и марихуана.
Од СВР Скопје информираат дека станува збор за лица на возраст од 21 до 49 години, меѓу кои тројца македонски државјани, едно лице од Турција и едно од САД.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

