Излегувањето на технолошката компанија „Антропик“ на берза создаде илјадници милионери меѓу нејзините вработени. Од вкупно 5.300 работници, околу 5.100 сега поседуваат акции вредни повеќе од еден милион долари.
Според проценките, околу 2.800 вработени имаат удели вредни над 10 милиони долари, додека акциите на околу 600 лица надминуваат вредност од 100 милиони долари.
„Најизненадувачка е брзината со која сето ова се случи“, изјавил Ендру Бенсон, основач на платформата „Хил“.
Богатството произлегува од акциите што компанијата им ги доделувала на вработените како дел од нивниот надомест. Особено профитирале оние кои се приклучиле на компанијата во раните години од нејзиното работење

