Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши посетата на Кина и замина за Вашингтон без средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, и покрај тоа што во неколку наврати ја најавуваше како можна.
Трамп претходно изјави дека би сакал да се сретне со Ким за време на престојот во Шенжен, но од Белата куќа потврдија дека таква средба не била официјално планирана.
„Можеби дури и ќе се сретнеме со Ким Џонг-ун, што би било одлично“, изјави Трамп пред заминувањето за Азија.
Ким во меѓувреме имал активности во Северна Кореја, каде што посетил повеќе објекти. Последната средба лице в лице меѓу двајцата лидери се одржа во јуни 2019 година.
Отсуството на средба доаѓа во период на зголемено внимание кон нуклеарната програма на Северна Кореја, особено по трилатералните разговори на Трамп со Си Џинпинг и Владимир Путин во Кина

