47-годишен жител на струшкото село Франгово е приведен откако полицијата при претрес на просториите што ги користел пронашла бела прашкаста материја. Дополнителна количина од истата материја била откриена и при личен преглед на осомничениот.
Акцијата била спроведена на 19 ноември од страна на полициски службеници од ОВР Струга, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, а со судска наредба од Основниот суд во Струга.
Пронајдената материја била одземена и ќе биде предмет на понатамошна постапка.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

