Close Menu
Press24
    Најново

    Следната година почнува со споен викенд – На овие датуми ќе одмориме

    20.11.2026 во 09:42

    Газдите немаат право да ви го бараат К-15 назад – Што треба да знае секој работник

    20.11.2026 во 09:26

    „Многу врева, малку одговорност“ – ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ за „Алта банка“

    20.11.2026 во 09:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Следната година почнува со споен викенд – На овие датуми ќе одмориме
    • Газдите немаат право да ви го бараат К-15 назад – Што треба да знае секој работник
    • „Многу врева, малку одговорност“ – ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ за „Алта банка“
    • УХМР издаде најново метео предупредување
    • СДСМ обвинува за доцнење со пензиските придонеси: “Во ризик заштедите на 650.000 граѓани”
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР информира каде било „потоп”
    • МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет”
    • Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Следната година почнува со споен викенд – На овие датуми ќе одмориме

    Следната година почнува со споен викенд – На овие датуми ќе одмориме

    20.11.2026 во 09:422 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните во Македонија и во 2027 година ќе имаат можност за неколку продолжени викенди благодарение на државните и верските празници. Дел од празниците се паѓаат во понеделник или петок, што ќе овозможи спојување со викендот и повеќе слободни денови.

    Првиот неработен ден во новата година ќе биде 1 јануари (петок), кога се празнува Нова година, а потоа следува Божик, на 7 јануари (четврток).

    Рамазан Бајрам ќе се одбележи на 9 март (вторник), додека Денот на трудот, 1 Мај, паѓа во сабота. Велигденскиот празник, односно вториот ден на Велигден, ќе биде неработен на 3 мај (понеделник).

    Во мај следува и 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј, кој во 2027 година се паѓа во понеделник.

    Во втората половина од годината, неработни денови за сите граѓани ќе бидат 2 август (понеделник), Денот на Републиката, 8 септември (среда), Денот на независноста, 11 октомври (понеделник), Денот на народното востание, 23 октомври (сабота), Денот на македонската револуционерна борба, и 8 декември (среда), празникот на Свети Климент Охридски.

    Неработни денови за православните верници

    Покрај општите неработни денови, православните верници ќе имаат слободни и на 6 јануари (Бадник), 19 јануари (Богојавление – Водици), 30 април (Велики Петок), 18 јуни (Духовденски петок) и 28 август (Голема Богородица).

    Католичките верници ќе ги празнуваат 29 март (Велигден), 1 ноември (Празникот на сите светци) и 25 декември (Божик).

    За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден ќе биде и 16 мај (Курбан Бајрам).

    Неработни денови за припадниците на другите заедници се: 27 јануари за припадниците на српската заедница (Свети Сава), 8 април за ромската заедница (Меѓународен ден на Ромите), 23 мај за влашката заедница (Национален ден на Власите), 11 октомври за еврејската заедница (Јом Кипур), 28 септември за бошњачката заедница (Меѓународен ден на Бошњаците), 22 ноември за албанската заедница (Ден на албанската азбука) и 21 декември за турската заедница (Ден на наставата на турски јазик).

    Меѓу најдобрите можности за продолжен одмор во 2027 година се празниците на 1 јануари, 3 мај, 24 мај, 2 август и 11 октомври, кои паѓаат во комбинација со викендите.

    Така, со навремено планирање, граѓаните ќе можат да ги искористат празничните денови за одмор, патувања и време поминато со семејството.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Газдите немаат право да ви го бараат К-15 назад – Што треба да знае секој работник

    20.11.2026 во 09:26

    „Многу врева, малку одговорност“ – ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ за „Алта банка“

    20.11.2026 во 09:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.