Close Menu
Press24
    Најново

    Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање

    19.11.2026 во 19:11

    Мицкоски: Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог

    19.11.2026 во 18:51

    Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година

    19.11.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање
    • Мицкоски: Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог
    • Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
    • Дете претепано во тоалет од основно училиште
    • Кина, Русија и САД ќе продолжат со координацијата по историската средба на Трамп, Путин и Шји Џјинпинг
    • А1 Македонија со нова припејд понуда: Повеќе интернет и поголем избор за корисниците
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија
    • Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање

    Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање

    19.11.2026 во 19:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Јана Ванамолдер, новоименувана амбасадорка на Република Естонија, со седиште во Будимпешта.

    На свечената церемонија, таа го истакна примерот на Естонија во демократската транзиција, институционална модернизација и дигитална експанзија, како релевантен реформски модел.

    За претседателката, политичката и безбедносната соработка треба да се дополнат со економска, образовна, научна, културна и туристичка. Обете ја потврдија важноста на сојузништвото во НАТО, во контекст на актуелните безбедносни состојби и закани.

    Претседателката изрази благодарност за поддршката што Естонија ни ја дава на евроинтегративниот пат.

    Сиљановска-Давкова се заложи за преговори ослободени од билатерални услови од идентитетска природа и за јасни, предвидливи и објективни критериуми, засновани врз темелните европски вредности и постигнатите реформски резултати.

    Амбасадорката Ванамолдер укажа на неизвесноста на преговарачкиот процес врзан за билатералните прашања и изрази разбирање за регионалните заложби и нашите природни европски амбиции.

    Таа потсети на важноста на меѓусебната регионална поддршка за побрзиот процес на преговори и стекнување членство во ЕУ.

    За неа, европската иднина на регионот се гради преку партнерство, меѓусебно разбирање и проширување.

    Претседателката Сиљановска-Давкова ѝ посака успешен мандат на амбасадорката Ванамолдер.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог

    19.11.2026 во 18:51

    Дете претепано во тоалет од основно училиште

    19.11.2026 во 18:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.