Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 20 ноември 2026 година, без снабдување со електрична енергија ќе останат повеќе корисници во општините Петровец, Гази Баба и Сопиште.
Во периодот од 06:00 до 12:00 часот, поради поправка на 10-киловолтен далековод и замена на дефектни изолатори, прекин во напојувањето ќе имаат потрошувачите од селата Бадар и Кожле, викендиците Блаце Шип, Фазанерија Тотинци, пумпата за водовод Кожле, како и тунелот Катланово.
Од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата „Франц Лист“ во Маџари и Хиподром, во општина Гази Баба.
Во истиот временски интервал, од 08:00 до 14:00 часот, без напојување ќе останат и потрошувачите од дел од индустриската зона Ќојлија во Петровец, вклучувајќи ги објектите на „Кипер“, „Кобра Панел“ и „Подравка“.
Од 09:00 до 14:00 часот, пак, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат дел од потрошувачите во Црвена Прст и месноста Осојница во општина Сопиште.

