Close Menu
Press24
    Најново

    „Пензионерите можат да бидат спокојни“: Ристески најави продолжување на растот на пензиите

    19.11.2026 во 15:12

    Коњановски: За пензии во 2027 година се планирани 123,8 милијарди денари

    19.11.2026 во 15:10

    (ФОТО) Искршените плочки заминуваат во историјата: Се уредува влезот на Старата скопска чаршија

    19.11.2026 во 14:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Пензионерите можат да бидат спокојни“: Ристески најави продолжување на растот на пензиите
    • Коњановски: За пензии во 2027 година се планирани 123,8 милијарди денари
    • (ФОТО) Искршените плочки заминуваат во историјата: Се уредува влезот на Старата скопска чаршија
    • Битиќи: Владата планира задолжување од две милијарди евра
    • „Син ми го нападнале во училишниот тоалет“: Загрижена мајка пријавила насилство во Радишани
    • Инцидент во пошта во Скопје: Вработен пријавил дека му се заканувала жена
    • Двајца ја нападнале, третиот ѝ се заканувал со смрт: Штипјани пријавени за насилство врз мајка им
    • Неколку малолетнички нападнале девојче на Бит Пазар, малолетник го снимал инцидентот и го објавил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Пензионерите можат да бидат спокојни“: Ристески најави продолжување на растот на пензиите

    „Пензионерите можат да бидат спокојни“: Ристески најави продолжување на растот на пензиите

    19.11.2026 во 15:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Пред нас стои Предлог-буџетот за 2027 година, финансиски документ со јасна визија, чесна намера и силна развојна компонента. Во време кога глобалната економија сè уште се соочува со сериозни предизвици, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како домаќински, одговорно и храбро се управува со секој денар на граѓаните“, вели Петар Ристески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Комисијата за финансирање и буџет.

    Додека го намалуваме буџетскиот дефицит, рече Ристески, од 4,1% на 3,5% од БДП, односно го спуштаме примарниот дефицит за над 5,1 милијарда денари и воведуваме цврста фискална дисциплина, ние не кратиме од парите од народот, туку напротив, со вкупни приходи проектирани 395,4 милијарди денари, што е раст од 5,7% во однос на претходната 2026 година и вкупни расходи од 440,4 милијарди денари или 4,8% повеќе од лани, ние правиме нешто со години беше заборавено.

    Ристески посочи дека се враќаат парите директно кај граѓаните, во реалната економија и во иднината на Република Македонија, дека овој Буџет се темели на три суштински столба, економски раст од 3,8%, финансиска стабилност и континуирано подигнување на животниот стандард на граѓаните и дека се добива сигурност и достоинствен за нашите пензионери, повисоки плати за работниците и повисоки трансфери за најранливите категории граѓани.

    „За социјални трансфери во 2027 година издвојуваме рекордни 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1% во однос на минатата година. Од нив, над 123,8 милијарди денари одат за раст на пензиите, што претставува зголемување од 4,8% споредбено со лани. Пензиите продолжуваат редовно да се исплаќаат и да растат, а пензионерите, конечно, ја имаат почитта и сигурноста што ја заслужуваат. Така да 330 илјади граѓани на Република Македонија, пензионери можат да бидат спокојни дека и оваа година ќе добиваат редовно своја пензија и нивните пензии редовно ќе растат како што за две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нивните пензии се зголемени за седум илјади денари“, рече Ристески.

    Понатаму Ристески додаде дека за социјална заштита на најранливите категории граѓани обезбедени се 14,3 милијарди денари, затоа што државата мора да биде мајка, а не маќеа за оние на кои помошта им е најпотребна.

    „Истовремено, средствата за плати се зголемуваат за 6,6% со што обезбедуваме повисоки примања и подобар животен стандард за илјадници семејства. Силна инвестиција во младите и студентите, нашата најголема сила и иднина. Младите не смеат да ја бараат својата среќа надвор од границите на татковината, затоа во 2027 ги зголемуваме средствата за активни политики и мерки вработување за цели 20,8%, на 2,9 милијарди денари. Значи, за цели 20,8% повеќе средства за вработување на младите во споредба со минатата година. Тоа се директни пари за отворање нови работни места, поддршка за млади претприемачи, самовработување и шанса секој млад човек да успее дома“, истакна Ристески.

    Прочитај повеќе

    Патарина ќе се плаќа според изминатите километри – Еве кога се очекува новиот систем во Македонија

    19.11.2026 во 11:49

    Владата префрли нови пари за бизнисот: За домашните компании обезбедени 250 милиони евра

    19.11.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.