Четириесет и четиригодишен жител на гостиварското село Долна Бањица вчера во 22:45 часот во ОВР Гостивар пријавил дека бил физички нападнат од својот сосед пред угостителски објект во селото.
Според пријавата, нападот се случил околу 21:10 часот по претходни меѓусебни недоразбирања, при што пријавениот удрил во стаклото од излогот на угостителскиот објект и го оштетил.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

