Во Полициското одделение Теарце вчера бил лишен од слобода 40-годишен жител на тетовското село Пршовце, откако претходно не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и било утврдено дека управувал возило без положен возачки испит.
Тој бил повикан во полициското одделение во 11:45 часот поради претходно сторениот прекршок со патничкото возило.
При извршениот службен разговор полицијата констатирала дека осомничениот го управувал патничкото возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки без да има положено возачки испит. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

