Полицијата презема мерки за расчистување на случај со испишан графит на надворешниот ѕид од куќа во Тетово.
Според пријавата поднесена во СВР Тетово вчера во 16:05 часот од 63-годишен тетовец, графитот на надворешниот ѕид од неговата куќа на улицата „Никола Парапунов“ бил испишан во периодот од 23:00 часот на 17 ноември до 10:00 часот на 18 ноември.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

